АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ЗАБАВУВА, ИНФЛАЦИЈАТА РАСТЕ Централната банка ги задржа клучните каматни стапки
ФЕД оцени дека економските проекции укажуваат на континуирани стагфлациски притисоци, при што ја ревидира прогнозата за раст на БДП од 1,4% во 2025 година што е намалување од стапката од 1,7% што ја предвидоа во март. Се предвидува потрошувачките цени да пораснат за 3% оваа година, значително над нивната мартовска прогноза од 2,7%
Американската централна банка (ФЕД) ги задржаа каматните стапки поради очекувањата за повисока инфлација и послабиот економски раст. Најавено е се можни две намалувања на каматните стапки до крајот на годината. Поради континуирани стагфлациски притисоци се ревидирани и прогнозите за раст и инфлација.
Клучните каматни стапки се задржани во опсег помеѓу 4,25% и 4,5% што се применуваат од почетокот на годината.
ФЕД оцени дека економските проекции укажуваат на континуирани стагфлациски притисоци, при што ја ревидира прогнозата за раст на БДП од 1,4% во 2025 година што е намалување од стапката од 1,7% што ја предвидоа во март. Се предвидува потрошувачките цени (инфлацијата) да пораснат за 3% оваа година, значително над нивната мартовска прогноза од 2,7%. Се очекува невработеноста да се зголеми на 4,5%, во споредба со 4,4% во нивната претходна прогноза.
– Во добра позиција сме да почекаме да дознаеме повеќе за веројатната насока на економијата пред да разгледаме какви било прилагодувања на нашите политики – изјави претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел.
Претседателот на САД Доналд Трамп, повторно го критикуваше Пауел и неговите колеги за тоа што не ги ублажија каматните стапки. Трамп рече дека референтната каматна стапка треба да биде најмалку 2 процентни поени пониска и го исмеа Пауел како „глупав“ затоа што не го повика комитетот да ги намали каматните стапки.