АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО КИЕВ ГИ ПОВИКА АМЕРИКАНЦИТЕ Напуштете ја Украина веднаш!

581

Американската амбасада во Киев денеска ги повика американските граѓани кои престојуваат во Украина да ја напуштат земјата без одлагање, во услови на зголемени тензии меѓу Западот и Русија околу Украина.

„Амбасадата на САД ги повикува граѓаните на САД веднаш да размислат за напуштање на земјата“, соопшти амбасадата на својата веб-страница.






„Безбедносната ситуација во Украина останува непредвидлива поради зголемената закана од руска воена акција и може да се влоши без претходни предупредувања“, се додава во соопштениетоп на амбасадата.

Поврзани содржини