Американец уапсен затоа што во „Дизиниленд“ си направил карантин
Мажот бил забележан од обезбедувањето како живее на островот „Дискавери“, кој е затворен за јавноста од 1990 година.
Полицијата уапси маж во Флорида во Орландо во затворениот „Дизинленд“ поради тоа што на тропскиот остров кој припаѓа на забавниот парк си направил карантин за себе.
Рикар Мегири (42) од Алабама е уапсен во неговото „магично кралство“ во „Дизниленд“, кој е затворен за посетители од средината на март поради епидемија на коронавирусот, под обвинение дека упаднал во нечиј друг имот – имотот на Дизни.
Мажот бил забележан од обезбедувањето како живее на островот „Дискавери“, кој е затворен за јавноста од 1990 година.
Дотогаш, посетителите на овој тропски рај, како што го нарече апсениот, можеа да уживаат и да ги набудуваат бројните животни и птици.
Тој додаде дека не ја слушнал полицијата која го барала пешки, со брод и од воздух додека спиел во старата зграда.
Тој исто така рече дека не знае дека станува збор за зона каде се движи според одредени правила и покрај бројните знаци дека е забранет премин.