АМЕРИКАНЕЦ НАПАДНА ПОЛИЦАЈЦИ КАЈ ДЕМИР КАПИЈА Одбил да даде документи, па завршил во полициска станица

Ноќна сообраќајна контрола заврши со апсење откако американски возач одби да ги достави личните документи и физички нападна полицајци.

276

36-годишниот Американец Р.С. бил уапсен два часа по полноќ поради инцидент на наплатната станица кај Демир Капија, бијдеќи се заканил и физички нападнал полицајци.

Според очевидци, патничкото возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки било сопрено за редовна сообраќајна контрола, при што возачот покажал сообраќајна и возачка дозвола, но одбил да ги достави документите за лична идентификација.






Кога полицијата побарала дополнителни документи, ситуацијата ескалирала, а американецот физички се обидел да ги нападне службениците. Полицијата веднаш интервенирала и го лишила од слобода. За случајот е известен јавен обвинител, а по комплетирање на документите следува соодветна пријава.

Поврзани содржини