Американец е пронајден починат во монтажен контејнер во Претор, соопшти полицијата.
– На 11.07.2025 во 10.54 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека во монтажен контејнер во село Претор, бил пронајден починат К.Џ.С.(56) од САД – соопшти полицијата.
Увид на место извршила увидна екипа на СВР Битола, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.