АМЕРИКАНЦИТЕ ТЕСТИРАЛЕ ХИПЕРСОНИЧНА РАКЕТА Не кажале никому, за да не ги провоцираат Русите?

Според изворот на Си-Ен-Ен, ракетата била лансирана од бомбардер Б-52 во близина на западниот брег и патувала на надморска височина од 20.000 метри повеќе од 480 километри. Изворот не ја открил брзината на проектилот, иако би требало да биде барем Мах-5, што се смета за низок дострел за хиперсонично оружје.

492

Соединетите Американски Држави тајно тестирале хиперсонична ракета кон средината на минатиот месец, за дополнително да не ја провоцираат Русија насреде војната со Украина. Според Си-Ен-Ен, претставник на одбраната изјавил дека ракетата била дизајнирана од Локхид Мартин за програмата Hypersonic Air-breathing Weapon Concept (HAWC), пренесува РТ.

Според изворот на Си-Ен-Ен, ракетата била лансирана од бомбардер Б-52 во близина на западниот брег и патувала на надморска височина од 20.000 метри повеќе од 480 километри. Изворот не ја открил брзината на проектилот, иако би требало да биде барем Мах-5, што се смета за низок дострел за хиперсонично оружје.






Ако е ова точно, тогаш тоа е втор пријавен успешен тест во рамките на програмата HAWC, која заеднички ја водат американските воздухопловни сили и Американската агенција за напредни истражувачки проекти за одбрана ДАРПА. Минатиот септември, од ДАРПА објавија дека тестирале прототип на ракета произведен заеднички од Raytheon Technologies и Northrop Grumman, без да понудат никакви детали.

Се верува дека САД донекаде заостануваат зад Русија и Кина во однос на развојот на хиперсоничното оружје.

Поврзани содржини