АМЕРИКАНЦИТЕ СЕ ПРЕМИСЛУВААТ ЗА ГОЛЕМАТА УКРАИНСКА ПРОЛЕТ Ќе биде ли доставено потребното оружје за напад на Крим?
Која клучна работа ги премислува Американците сепак да го достават оружјето? Фактот дека „избледеа стравувањата дека Кремљ ќе возврати со тактичко нуклеарно оружје“, велат американските официјални лица и експерти, иако предупредуваат дека ризикот останува, се вели во написот. Друг факт е дека Москва релативно тивко одговори на неколкуте украински напади на воздушни бази внатре во Русија.
Нема друг начин да се изведе голема украинска офанзива оваа година, а таа да не го вклучува полуостровот Крим. Ова е новиот став на американските власти кои, според неименуван извор за Њујорк тајмс го смениле мислењето околу вооружувањето на Украина. По неколку месеци убедување со Украинците, администрацијта на Џо Бајден признала дека може да му обезбеди помош на Киев, дури и ако таквиот потег го зголеми ризикот од ескалација на војната, пишува весникот.
Ова е во спротивност со изјавите на САД деновиве дека нема да ѝ достават тенкови „Абрамс“ на Украина и кои ја преупредија земјата да не планира голема офанзива. Истовремено, американската одлука ги предомисли Германците во нивната решеност да испратат „леопарди“.
Па сепак, според извори на Тајмс, администрацијата на Бајден сфатила дека позицијата на Киев во идните преговори ќе биде посилна доколку украинската војска ѝ покаже на Русија дека нејзината контрола над Крим може да биде загрозена. Тоа е она што би можело да го остави Путин „без зборови“.
Која клучна работа ги премислува Американците сепак да го достават оружјето? Фактот дека „избледеа стравувањата дека Кремљ ќе возврати со тактичко нуклеарно оружје“, велат американските официјални лица и експерти, иако предупредуваат дека ризикот останува, се вели во написот. Друг факт е дека Москва релативно тивко одговори на неколкуте украински напади на воздушни бази внатре во Русија.
Сега, американските власти разговараат со своите украински колеги за употребата на американско оружје, од ракетни системи ХИМАРС до борбени возила „Бредли“, за евентуално тоа да се насочи кон тешката руска контрола на мостот, клучна рута за снабдување меѓу Крим и Русија, преку градовите Мелитопол и Мариупол под руска окупација.
Заедно со британските тенкови и оклопните борбени возила кои Франција и Германија се согласија да ги испратат, „Бредли“ може да биде претходник на оклопните сили што Украина ќе ги распореди во контраофанзива оваа зима или пролет, велат американските независни аналитичари.
– Без Крим, целата работа се распаѓа – изјавил Евелин Фаркас, висок функционер на Пентагон во Украина за време на администрацијата на Обама.
Меѓутоа, претседателот Бајден сè уште не е подготвен да ѝ испрати на Украина ракетни системи со долг дострел, кои на Киев му беа потребни за да ги нападне руските инсталации на полуостровот.
Од другата страна на украинската граница, Путин и руската јавност го гледаат Крим како дел од Русија. Тоа значи дека украински напад на Крим оваа година би можел да ја зацврсти руската поддршка за војната.
Американските власти уште не знаат како Кремљ би реагирал на ваквиот напад кој треба да го остави Путин „без зборови“.