АМЕРИКАНЦИТЕ СЕ ОБИДУВААТ ДА ГО ЗАБРАНАТ РУСКИОТ ГАС ВО ЕВРОПА Вучиќ тврди дека енергетската криза би се решила за час
Вучиќ оваа изјава ја даде неколку дена по состанокот со Владимир Путин, кога успеа со рускиот претседател да испреговара поволна цена за снабдување на Србија со гас, што според неговите проценки ќе значи заштеда од најмалку милијарда евра.
Контроверзниот „Северен поток 2“, гасоводот низ кој се очекува да потече рускиот гас, со кој е замислено да се снабдува Германија сè уште не е пуштен во употреба, иако неговата изградба е завршена пред повеќе од месец дена. Српскиот претседател Александар Вучиќ смета дека гасоводот не се пушта во промет само поради силниот притисок што претставниците на САД го вршат врз своите германски колеги.
Вучиќ оваа изјава ја даде неколку дена по состанокот со Владимир Путин, кога успеа со рускиот претседател да испреговара поволна цена за снабдување на Србија со гас, што според неговите проценки ќе значи заштеда од најмалку милијарда евра.
– Русите имаат проблем за кој не разговараат. Се случуваат обиди за исфрлање на нивниот гас од Европа – изјави Вучиќ, кој додаде и дека во моментов на Европа ѝ недостасуваа 70 милијарди кубни метри гас, а капацитетот на „Северен поток 2“ е 55 милиони кубни метри, што значи дека со пуштањето на гасоводот најголемиот дел од кусокот на овој енергенс би бил решен за моментseveren.