АМЕРИКАНЦИТЕ НЕ МОЖАТ ДА ГО НАПУШТАТ ИЗРАЕЛ Амбасадата на САД во Ерусалим не е во можност да ги евакуира американските државјани
Амбасадата соопшти дека денеска ќе биде затворена и им наложи на сите вработени и на нивните семејства да останат во засолништа во близина на нивните домови до понатамошно известување.
Амбасадата на САД во Ерусалим денеска соопшти дека во овој момент не е во можност да ги евакуира Американците од Израел или директно да им помогне да ја напуштат земјата.
Амбасадата соопшти дека денеска ќе биде затворена и им наложи на сите вработени и на нивните семејства да останат во засолништа во близина на нивните домови до понатамошно известување.
Во меѓувреме, Иран ги продолжи своите ракетни напади врз Израел.
Израелските одбранбени сили соопштија дека Техеран испалил помалку од 10 балистички ракети во минатата ноќ, објави „Тајмс оф Израел“, додавајќи дека ова е значително помалку отколку во претходните ноќи.
Се известува дека цели во централен и северен Израел биле погодени кратко по полноќ, како и помеѓу 3:30 и 4:30 часот по локално време.