АМЕРИКАНЦИТЕ НА ЕСЕН ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРААТ ПРОТИВ КОВИД-19 Бројот на заразени и на болничко лекување расте
Модерна (Moderna), Новавакс (Novavax), Фајзер (Phizer) и германскиот партнер Бионтек СЕ (BioNTech SE“ создадоа верзии на нивните вакцини насочени кон подваријантата XBB.1.5.
Администрацијата на Бајден планира да ги повика Американците да добијат дополнителна доза од вакцината против ковид-19 оваа есен, со цел да се спротивстави на новиот бран инфекции, изјави претставник на Белата куќа.
Официјалниот претставник рече дека Центрите за контрола и превенција на болести известуваат за зголемување на инфекциите и примени во болници поради ширењето на коронавирусот, но додаде дека вкупниот број на заразени е се уште низок.
Во четвртокот, „Модерна“ соопшти дека првичните податоци покажуваат оти нејзината нова вакцина против ковид-19 е ефикасна против подваријантите на вирусите „Ерис“ и „Форнакс“ кај заразените лица.
Модерна (Moderna), Новавакс (Novavax), Фајзер (Phizer) и германскиот партнер Бионтек СЕ (BioNTech SE“ создадоа верзии на нивните вакцини насочени кон подваријантата XBB.1.5.
Во очекување на одобрение од здравствените регулатори во САД и Европа, компаниите очекуваат новите верзии на вакцината да бидат достапни во наредните недели за есенската сезона на вакцинација.