Рекордна излезност од околу 150 милиони избирачи, што е 65 отсто од Американците со право на глас, се очекува на претстојните претседателски избори во САД, анализира Гласот на Америка, врз основа на резултатите од предвременото гласање.
Таква излезност во САД немало од 1908 година.
Четири недели пред изборите на 3 ноември, повеќе од 4 милиони Американци веќе гласаа, што е далеку повеќе од околу 75.000 пред претседателските избори во 2016 година, пренесува Ројтерс.
Кандидати на изборите се актуелниот претседател Доналд Трамп и демократот Џозеф Бајден. Според анкетите, Бајден е во предност, но во државите со одлучувачко влијание за исходот на изборите се води мртва трка.