АМЕРИКАНЦИТЕ И БРИТАНЦИТЕ ПОВТОРНО КРЕНАА ВО НАПАД Бомби паѓаат на Јемен, цел е и јеменската престолнина
Агенциите, повикувајќи се на медиумите на Хутите, јавија дека е нападната јеменската престолнина Сана.
По нападите врз Ирак и Сирија, САД вечерва започнаа нови напади врз цели на Хутите во Јемен, пренесоа агенциите. Во нападите е вклучена и Велика Британија.
Нападнати се најмалку 30 цели на Хутите во Јемен во вториот бран на напади со цел дополнително да ги онеспособи групите поддржани од Иран, кои немилосрдно ги напаѓаат американските и меѓународните интереси од војната меѓу Израел и Хамас, изјавија американски официјални лица.
Според еден официјален претставник, целите вклучуваат објект за команда и контрола, подземно складиште за оружје, како и друго оружје што го користат бунтовниците поддржани од Иран за мета на меѓународни бродски патеки.
Агенциите, повикувајќи се на медиумите на Хутите, јавија дека е нападната јеменската престолнина Сана.
Последните напади врз Хутите беа извршени од бродови и воени авиони. Нападите уследија по воздушниот напад во Ирак и Сирија чија цел беа други милиции поддржани од Иран и Иранската револуционерна гарда како одмазда за нападот со беспилотно летало во кој загинаа тројца американски војници во Јордан минатиот викенд.
#BREAKING ⚽ Hosts Ivory Coast beat Mali to reach Africa Cup of Nations semi-finals#AFPSports pic.twitter.com/qSkoUd7QUm
— AFP News Agency (@AFP) February 3, 2024