АМЕРИКАНЦИТЕ ГО ПОПРАВИЈА СВЕТСКИОТ РЕКОРД Повеќе од милион заразени во еден ден
Просекот во последните седум дена надминува 700.000 илјади случаи на дневно ниво, што е за двојно повеќе од претходната недела.
Во Соединетите Американски Држави се пријавени најмалку 1,13 милиони нови случаи на заразени лица со коронавирусот, што е според податоците кои беа објавени од агенцијата Ројтерс, најголема дневна бројка во било која земја на светот од прогласувањето на пандемијата.
Претходнот рекорд, исто така во САД, беше постигнат на 3 јануари, кога беа регистрирани 1,03 милиони новозаразени лица.
Просекот во последните седум дена надминува 700.000 илјади случаи на дневно ниво, што е за двојно повеќе од претходната недела.
Хоспитализирани се вкупно 135.000 пациенти заболени од ковид-19, што исто така претставува рекорд.