АМЕРИКАНЦИТЕ ГИ ПРОРЕТЧИЈА ПОСЕТИТЕ НА „МЕКДОНАЛДС“ Компанијата бележи пад на прометот од 3,5%
Во првиот квартал, според компанијата, бројот на потрошувачи со ниски приходи се намалил за двоцифрен процент, во споредба со истиот период минатата година.
Прометот на синџирот ресторани за брза храна „Мекдоналдс“ во САД е намалена во првиот квартал од годинава, што е втор квартал по ред со пад.
САД се најголем пазар за овој тип на ресторани, а намалувањето а прометот за 3,6 % во првиот квартал се смета за поголем дури и од од пандемиската 2020 година кога беше применет „локдаун“.
Нето-приходот на компанијата во првиот квартал од 2025 година изнесуваше 1,87 милијарди долари, додека во истиот период минатата година изнесуваше 1,93 милијарди долари.
Од „Мекдоналдс“ тврдат дека 2024 година била престапна како еден ден повеќе за заработката, што придонело за разликата во продажбата.
Извршниот директор на синџирот за брза храна, Крис Кемпчински, рече дека потрошувачите се борат со неизвесност, но останува оптимист во врска со способноста на компанијата да работи во најтешките пазарни услови. Тој изјави и дека геополитичките тензии предизвикаа економска неизвесност која го намалила расположението на потрошувачите повеќе отколку што очекувале.
Во првиот квартал, според компанијата, бројот на потрошувачи со ниски приходи се намалил за двоцифрен процент, во споредба со истиот период минатата година. Покрај тоа, бројот на потрошувачи со просечен приход се намалил за двоцифрен процент, во споредба со периодот од пред неколку месеци.
Американскиот пазар е еден од нивните големи пазари каде што продажбата е намалена. Глобално забележан е пад на прометот од 1%.