АМЕРИКАНЦИТЕ БЕСНИ НА ВИСОКИТЕ ЦЕНИ НА МЕСОТО ЗА ХАМБУРГЕРИ И НА КАФЕТО Трамп ги укина царините за храната од Бразил
Овој потег следи по слична наредба од администрацијата минатиот петок за укинување на тарифите за неколку земјоделски производи од други земји, со оглед на тоа што некои од тарифите ги зголемија цените на храната во САД.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпиша извршна наредба за укинување на увозните тарифи за бразилските прехранбени производи, вклучувајќи говедско месо, кафе, какао и овошје, погодени од тарифи од 40% воведени во јули, соопшти Белата куќа.
Овој потег следи по слична наредба од администрацијата минатиот петок за укинување на тарифите за неколку земјоделски производи од други земји, со оглед на тоа што некои од тарифите ги зголемија цените на храната во САД.
Бразил обично извезува околу една третина од своето кафе во САД, најголемиот потрошувач во светот, а неодамна стана важен снабдувач на говедско месо, особено видот што се користи за производство на хамбургери.
Малопродажните цени на кафето во САД се зголемија за 40% оваа година – поради царините, но и други фактори, како што е помалото производство поради неповолните временски услови.
Растечките цени на храната се главната причина за падот на поддршката за Трамп, која е на најниско ниво од неговото враќање на власт, според анкетата на Ипсос.
– Одлуката за отстранување на царините за увоз од Бразил ја покажува ефикасноста на трговските преговори – рече бразилската група за говедска индустрија ABIEC, додавајќи дека ќе продолжи да работи на зголемување на својот удел на американскиот пазар.
Бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва, исто така, го поздрави укинувањето на царинските давачки.
САД воведоа тарифи ова лето за да го казнат Бразил за гонењето на неговиот поранешен претседател, сојузникот на Трамп, Жаир Болсонаро.