АМЕРИКАНЦИТЕ ЈА ПУШТИЈА КОРОНАТА, ВЕЛИ КИНЕСКА ТЕОРИЈА Што точно се „готвеше“ во лабораторијата Форт Детрик?

Лабораторијата „Форт Детрик“ е позната по тоа што таму се правеле експерименти со други вируси, како што се еболата и големите сипаници. Дел од луѓето кои се вмешани е и д-р Ралф Бариќ, кој беше и обвинет на самото судење во Конгресот и кој реално учествувал во такви експерименти со својот тим од „Форт Детрик“. Но, Кина сега ја спинува приказната и ја префрла топката кон Америка. Соработуваа ли Вухан и американските институции во заедничка акција?

2,471

„Короната протече од тајна лабораторија, но овојпат тоа не е од Вухан, Кина, како што многумина шпекулираат, туку од американска воена база во Мериленд“.

Така вели новата теорија на заговор што стана хит меѓу Кинезите, а 25 милиони од нив веќе потпишаа петиција со која бараат Светската здравствена организација подробно да ја испита оваа работа, пишува Би-Би-Си.






Додека светот се чуди дали короната навистина беше несреќа или планиран експеримент, Кина развива цела канонада на лажни вести со кои планира да ѝ ја префрли вината на Америка. Плусинфо веќе еднаш пишуваше за тоа како Америка и Кина можеби соработувале за да го фабрикуваат овој смртоносен вирус.

Да се потсетиме, американскиот претседател Џо Бајден уште во мај нарача неговата земја да почне истрага во врска со „протекувањето“ на вирусот, а неодамнешно судење во американскиот Конгрес ги посочи токму д-р Антони Фаучи и американските институции за виновни што соработувале и ја финансирале лабораторијата во Вухан за да експериментира со живи лилјаци. Во исто време, на удар беше „жената-лилјак“, која била дел од експериментот.

На 80 километри од Вашингтон има биохемиска лабораторија

Но, овојпат Кинезите го возвраќаат ударот. Со слична теорија, и тоа со слични актери, тие сакаат да го докажат спротивното. Имено, дека во биохемиската лабораторија во Мериленд, на 80 километри од Вашингтон, се правеле експерименти со лилјаци.

Лабораторијата „Форт Детрик“ е позната по тоа што таму се правеле експерименти со други вируси, како што се еболата и големите сипаници.

Дел од луѓето кои се вмешани е и д-р Ралф Бариќ, кој беше и обвинет на самото судење во Конгресот и кој реално учествувал во такви експерименти, со својот тим од „Форт Дерик“. Сепак, остатокот од приказната е веројатно чиста измислица на Кина.

Останува нејасно чија верзија е поточна и дали можеби токму соработката на американските и на кинеските научници од Вухан, кои исто така експериментираа, е клучот за разрешување на мистеријата за ковид-19.

Во меѓувреме, СЗО објави дека одново ќе ја започне истрагата за вирусот која како да западна во ќорсокак.

 

Рап песна полна со лаги ја зашемети Кина

Повеќето Американци можеби никогаш не слушнале за лабораторијата „Форт Детрик“, но тоа име станува познато во Кина. Целата пропагандна машинерија која во моментов има задачи да ги наведе на приказната кинеските граѓани е врзана со поимот „Форт Детрик“.

Пропагандата е толку силна што рап-групата ЦД Рев направи хит-песна со текст врзан за лабораторијата. оОди некако вака:

„Колку заплети излегоа од вашата лабораторија,
Колку мртви тела се означени,
Што криете,
Отворете ја вратата на Форт Детрик“

 

фото: Принтскрин/ Твитер

 

Сè ќе беше во ред ако истата песна на ја постираше и портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Хао Лиџијан, велејќи дека „оваа рап песна го кажува она што сите потајно го мислиме“.

Во последните месеци, на неговите повици им се придружија кинески дипломати со седишта во различни земји, а кинеската државна телевизија CCTV дури емитуваше и едночасовен специјален извештај „Темната историја зад Форт Детрик“. Хаштагот од емисијата има повеќе од 100 милиони прегледи на Веибо, еквивалент во Кина на Твитер.

Д-р Ралф Бариќ е виновен, веруваат 25 милиони Кинези

Друга популарна теорија, поттикната од кинескиот националистички весник „Глобал тајмс“, се обидува да го поврзе потеклото на вирусот со американскиот експерт за коронавирус, д-р Ралф Бариќ и со истражувачите во „Форт Детрик“.

Весникот сугерираше дека д-р Бариќ создал нов коронавирус што ги инфицира луѓето, повикувајќи се на труд што Бариќ го напишал во „Nature Medicine“. Сепак, во белешката на уредникот, списанието рече дека е свесно дека весникот се користи за ширење лажна теорија.

„Глобал тајмс“, исто така, почна онлајн петиција со која се повикуваат кинеските корисници да потпишат отворено писмо во кое се бара истрага на Светската здравствена организација (СЗО) за „Форт Детрик“. Луѓето можеа да го потпишат“писмото со еден клик, а жалбата наводно собра повеќе од 25 милиони потписи.

Постои ли доктор Едвардс во Швајцарија?

Експертите велат дека Пекинг се обидува да ја воведе не-кинеската публика во спорот за потеклото на ковид-19, за дополнително да ги замати водите.

Еден таков пример се појави во јули, кога кинеските државни медиуми почнаа немилосрдно да известуваат за критиките напишани во објавата на Фејсбук од лажниот профил „Вилсон Едвардс“, корисник кој тврди дека е швајцарски научник.

Докторот „г-дин Едвардс“ во својот пост напиша дека Вашингтон бил „толку опседнат со напад на Кина за прашањето за потеклото што не сака да ги отвори очите за податоците и наодите“.

Но, швајцарската амбасада во Кина подоцна рече дека државјанин со тоа име во Швајцарија нема и ги повика кинеските медиуми да ги отстранат „лажните“ вести.

фото: Принтскрин/ Фејсбук

 

Се чини дека приказната за „Вилсон Едвардс“ првпат била објавена преку нејасен кинеско-англиски весник со седиште во Фиџи, кој се вика „Гласот на Јужен Пацифик“. Иако не е јасно дали „Гласот на Јужен Пацифик“ е поддржан од кинеската држава, весникот има мобилна апликација која е развиена од подружница во целосна сопственост на државната новинска агенција China News Service, првиот главен кинески државен медиум.

Би-Би-Си откри дека дури и пред објавата на д-р Едвардс на Фејсбук да привлече големо медиумско внимание, таа беше споделена од стотици профили на Фејсбук кои тврдат дека се со седиште во Југоисточна Азија, на пример, „Истман Тила“ во Малезија и „Тајри Шмит“ во Индонезија.

Твитер е забранет во Кина, ама кога треба за пропаганда, се вклучуваат сите министри

Сè чини дека Кина успешно ја спровела својата пропаганда особено меѓу граѓаните на главниот град Пекинг, а дека таа е прониклива зборува фактот дека иако Твитер е забранет во земјата, многу кинески министри изглегоа токму на оваа платформа да ги постираат ставовите на владата. Секако, за да бидат слушнати од светот.

– Во најголем дел, најголемата грижа (на кинеската влада) е домашниот легитимитет – вели за Би-Би-Си асистент-професор за глобална комуникација на Државниот универзитет во Грузија.

Останува да видиме како ќе се развива новата истрага на СЗО за короната, во која очигледно недостасуваат повеќе факти и докази – и во американската, но и во кинеската верзија од приказната.

Поврзани содржини