📷 АМЕРИКАН КОЛЕЏ ПРОДОЛЖУВА ДА РАСТЕ И ДА МЕНУВА ЖИВОТИ „Секогаш сме биле предводници на новите идеи“

Пред 20 години, кога го основавме Американ, имавме една идеја – која беше храбра, можеби и амбициозна – но беше многу конкретна и јасна. Да создадеме образовна институција која ќе гради кариери, но пред сѐ карактери, која ќе го трансформира општеството преку знаење и ќе ги следи највисоките светски стандарди на академска извонредност. Нашата заложба била и останува да создадеме граѓани на светот – и навистина е задоволство да се види тоа во секој еден наш студент, изјави протекторката за настава и претседателката на Одборот на директори, проф. д-р Венера Крлиу.

240

Во рамки на одбележувањето на 20-годишниот јубилеј, Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС) уште еднаш ја потврди својата заложба да биде универзитет кој не само што ќе пренесува знаење, туку и ќе го обликува начинот на кој што општеството размислува, делува и се развива.

На свечениот настан, протекторката за настава и претседателката на Одборот на директори, проф. д-р Венера Крлиу истакна:






– Пред 20 години, кога го основавме Американ, имавме една идеја – која беше храбра, можеби и амбициозна – но беше многу конкретна и јасна. Да создадеме образовна институција која ќе гради кариери, но пред сѐ карактери, која ќе го трансформира општеството преку знаење и ќе ги следи највисоките светски стандарди на академска извонредност. Нашата заложба била и останува да создадеме граѓани на светот – и навистина е задоволство да се види тоа во секој еден наш студент.

Во тој дух, УАКС најави дека почесната титула Професор Honoris Causa ќе ѝ биде доделена на проф. д-р Светлана Мојсов, светски призната биохемичарка, професорка на Универзитетот Рокфелер и член на Американската академија на науки. Проф. Мојсов е најпозната по своето револуционерно откритие во лекувањето на дијабет – со огромно позитивно влијание врз милиони луѓе во светот.

Во рамки на јубилејната година, УАКС ќе реализира низа тематски настани, вклучително и голем едукативен форум во ноември, посветен на иднината на образованието во Македонија и пошироко. Форумот ќе ги обедини истакнати професори, институционални лидери и визионери од земјата и регионот.

– Тој ќе биде точка на пресврт, клучен момент од кој ќе произлезат многу нови идеи, важни за образованието во земјата. Секогаш сме биле предводници на новите идеи, така ќе биде и понатаму – рече проф. Крлиу.

Како што беше истакнато на вчерашниот настан, УАКС продолжува да предводи со интегритет, љубопитност и посветеност кон напредокот – докажувајќи дека образованието, кога е длабоко вкоренето во вистинските вредности, има моќ да создава трајна промена.

Фото: Приватна архива
Поврзани содржини