АМЕРИКА ПРОТЕСТИРА ПРОТИВ „АВТОРИТАРНИТЕ ПОЛИТИКИ“ НА ТРАМП Тој замина на своите голф терени во Флорида

Додека атмосферата на митинзите во Њујорк, Вашингтон и Лос Анџелес беше речиси славеничка, сојузниците на Трамп ги обвинија демонстрантите за врски со крајно левичарското движење Антифа, осудувајќи го она што го нарекоа „митинг на омраза против Америка“.

330

Низ САД денеска  се одржуваат повеќе од 2.700 протести како дел од движењето „Без кралеви“ (No kings), кое собира милиони граѓани против, како што велат организаторите, „авторитарните политики“ на американскиот претседател Доналд Трамп, политиката на ставање на милијардерите на прво место и милитаризацијата на американските градови.

Протестите се одржуваат во 50 градови во САД.






На Тајмс Сквер во Њујорк уште утрото  се собраа илјадници луѓе, а улиците, тротоарите, па дури и влезовите во метрото беа преполни, пишува Би-Би-Си.

Look at Chicago right now. Chicago is really mad at the king wannabe.

NO KINGS!
pic.twitter.com/TmwXFiKgLL

— Brian Krassenstein (@krassenstein) October 18, 2025

Демонстрантите носеа транспаренти со пораки како „Демократија, а не монархија“ и „Уставот не е опција“. Извици како „Вака изгледа демократијата“ редовно се пробиваа низ толпата, додека во позадина постојано се слушаше звук од тапани, ѕвона и свирчиња.

Додека атмосферата на митинзите во Њујорк, Вашингтон и Лос Анџелес беше речиси славеничка, сојузниците на Трамп ги обвинија демонстрантите за врски со крајно левичарското движење Антифа, осудувајќи го она што го нарекоа „митинг на омраза против Америка“.

Организаторите и учесниците на протестите  инсистираат дека сите настани биле мирни. Во Њујорк, хеликоптери и беспилотни летала летаа над небото, а полицијата беше присутна на маргините.

Полицијата во Њујорк објави дека поголемиот дел од протестите против американскиот претседател Доналд Трамп низ целиот град, организирани од коалиција на организации собрани во движењето „Без кралеви“ завршија и дека нема апсења.

Беше објавено дека повеќе од 100.000 луѓе во сите пет општини на Њујорк „мирно ги остварија своите загарантирани права“.

– Повеќето од учесниците на протестот „Без кралеви“ во овој момент се распрснуваат и сите сообраќајни ограничувања се укинати, напиша полицијата во Њујорк во објава на мрежата X, пренесува CBS News.

Полицијата во Њујорк, исто така, изјави дека не извршила „никакви апсења поврзани со протестите“.

Американското Министерство за внатрешна безбедност (DHS) издаде разузнавачки извештај во кој предупредува на можноста за изолирани инциденти на насилство за време на демонстрациите и ги повика локалните полициски сили да ги зголемат безбедносните мерки и да воспостават контакт со организаторите на протестите и контрапротестите.

Републиканските гувернери во неколку американски држави ги ставија војниците на Националната гарда во состојба на готовност, но не е познато колку ќе биде видливо военото присуство.

Организаторите собрани околу непрофитната мрежа „Неразделлив проект“ најавуваат мирни протести и тврдат дека обучиле десетици илјади учесници за безбедност и деескалација.

Сенатор Берни Сандерс денес на протестот против Доналд Трамп во Вашингтон изјави дека американскиот претседател сака се повеќе и повеќе моќ во свои раце.

– Опасно е кога имаме претседател кој сака се повеќе и повеќе моќ во свои раце, како и во рацете на неговите колеги олигарси – им рече Сандерс на толпата на протестот организиран од движењето „Без кралеви“, објави Си-Ен-Ен.

Тој, исто така, критикуваше неколку од потезите на Трамп, вклучувајќи ги напорите за распоредување на американската војска во градовите, како и преземање агресивни мерки против нелегалните имигранти, заплашување на медиумските организации и одмазда против политичките противници.

– Не станува збор само за алчноста на еден човек, или за неговата корупција и непочитување на Уставот – рече сенаторот, додавајќи дека станува збор за неколкумина од најбогатите луѓе на планетата кои, во својата ненаситна алчност, ја киднапираа американската економија и политички систем со цел да се збогатат на сметка на вредните семејства низ Америка.

Претседателот на САД Доналд Трамп не ги коментираше денеска протестите, но претходно, во интервју за Фокс њуз, Трамп коментираше за нив.

– Крале! Ова не е глума. Знаете – ме нарекуваат крал. Јас не сум кралот – рече Трамп во најавата за интервјуто.

Трамп  викендов не е  во Вашингтон. Вчера по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски, тој отпатува во своето одморалиште Мар-а-Лаго во Флорида. Беше снимен во конвој возила како оди кон Вест Палм Бич каде што отишол да игра голф.

Поврзани содржини