АМЕРИКА НА НОЗЕ ПО УБИСТВОТО НА РЕНЕ ГУД Протестите против ICE се шират низ целата земја

Смртта на 37-годишна жена во Минеаполис за време на операција на Службата за имиграција и царина предизвика бран протести, додека ФБИ ја презеде истрагата, а политичките тензии дополнително се заоструваат.

1,049

Протестите против американската Служба за имиграција и царина (ICE) продолжија и денеска, по смртоносното пукање врз 37-годишна жена во Минеаполис, а демонстрациите се проширија и во неколку други американски држави, објави ДПА.

Според извештаите на медиумите, десетици студенти им се приклучиле на протестите во Минеаполис, со што јавно го изразиле своето противење на присуството и дејствувањето на службениците за имиграција. Стотици протести и митинзи се најавени низ целата земја за денеска и утре.






Коалиција на организации за човекови права и заштита на мигрантите порача дека протестните акции „мора да останат мирни и да се фокусираат на спротивставување на зголеменото насилство од страна на властите, како и на нивните операции во локалните заедници и училишта“.

Рене Гуд, 37-годишна американска државјанка, беше застрелана во својот автомобил за време на операција на Службата за имиграција и царина во средата. Убиството, кое било снимено, предизвика бран на национален гнев, а истрагата за инцидентот сè уште е во тек.

Градоначалникот на Минеаполис, Џејкоб Фреј, ги повтори своите критики на прес-конференција синоќа, истакнувајќи дека дејствувањето на агенцијата им нанесува штета на локалната економија, демократијата и јавната безбедност. Тој повика на темелна и транспарентна истрага, во која ќе бидат вклучени и органите за спроведување на законот во Минесота.

Министерството за правда на САД го задолжи Федералното биро за истраги (ФБИ) да ја води истрагата. Во меѓувреме, претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека федералната влада нема да соработува со властите во Минесота, кои ги нарече корумпирани.

Поврзани содржини