АМЕРИКА ЌЕ ВОЈУВА СО 770 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Бајден купува бродови, авиони и дели помош во Европа
Американските воени службеници ќе имаат поголеми плати за 2,7 отсто, а целиот воен буџет е за 5 отсто поголем од ланскиот. Ќе има работа и за воените стратези кои треба да прават стратегии за евентуални војни со Кина и Русија, но и да анализираат што точно се случи во Авганистан.
Бродови, авиони и логистика ќе бидат купувани, а воена помош ќе им биде дадена на Украина и европските партнери на САД со новиот буџет од 770 милијарди долари кој претседателот Џо Бајден го потпиша по долги расправи меѓу демократите и републиканците.
Украина ќе добие помош од 300 милиони долари, а балтичките земји 150, додека Европската одбранбена иницијатива ќе повлече 4 милијарди долари. Седум милијарди се издвоени за одржувањето на мирот во Тихиот океан, со други зборови, ако ескалира ситуација во Тајванскиот теснец.