„АМЕРИКА, АМЕРИКА, ЗЕМЈА ВЕЛИКА“ Додик со песна го прослави воведувањето санкции од САД (ВИДЕО)
Додик претходно кажа дека санкциите кон него не можат ништо да променат со оглед на тоа што немал намера да патува во САД, но и дека немал никаква банкарска сметка или имот во Америка.
Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, заедно со своите најблиски соработници го „прослави“ воведувањето санкции за него од страна на Америка.
Тој ја запеа песната „Америка, Америка, земја велика“, а на истата маса со него седеа претседателката на Република Српска, Жељка Цвијановиќ, советникот Радован Ковачевиќ, претседавачот на Домот на народите на Парламентот на БиХ, Никола Шпириќ, претседавачот на Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија и претседателката на пратеничкиот клуб на СНСД, Снежана Бурсаќ.
Инаку, Додик претходно кажа дека санкциите кон него не можат ништо да променат со оглед на тоа што немал намера да патува во САД, но и дека немал никаква банкарска сметка или имот во Америка.
Српскиот претседател Александар Вучиќ застана на страната на Додик и истакна дека не се согласува со санкциите.
Во продолжение, погледнете го видеото:
🎵🎶 Али метар НАШЕГ села, Америка цела❗@KovacevicRaso @BursacNovakovic @DenisSulic pic.twitter.com/TjJnH0bwJz
— СНСД (@SNSDDodik) January 5, 2022