АмЧам избра нов состав на Одборот на директори

Американсата стопанска комора во земјава одбележа и 20 години од нејзиното основање во земјава.

1,110

Американската стопанска комора во Северна Македонија (АмЧам) избра нови членови на членови на одборот на директори и одбележа 20 години од постоењето.

Новиот Одбор на директори на  АмЧам се: Маја Филипчева – директор за даноци во Грант Тортон; Никола Љушев – главен и извршен директор на Македонски Телеком; Ламбро Патче – менаџер за односи со јавност и комуникации во Пивара Скопје, Кока-Кола и Хајнекен; Иван Новаковски – директор на НОВА Интернационално училиште и Јордан Димитровски – сопственик и генерален директор на Аитоникс.






– Пандемијата предизвикана од ковид-19 отвори врата за уште поголеми предизвици. Иако, сега можеби ни изгледа дека влијанието на пандемијата врз начинот на кој живееме и работиме е многу тежок, сепак, сметам дека сега е моментот да размислуваме за раст и развој и како да бидеме посилни, подобри и приспособливи – рече претседателот на АмЧам Љупчо Георгиев,

Амбасадорката на САД Кејти Мери Брнс во своето обраќање се осврна на релациите меѓу САД и РСМ.

– Денес го славиме успехот на АмЧам. Оддаваме признание за вашата посветеност во поттикнувањето партнерство помеѓу нашите две земји. Свесни сме дека поради вас и вашите напори, бизнис релациите, како и поврзувањето на луѓето помеѓу РСМ и САД, денес се многу подлабоки, пошироки и поцврсти – рече Брнс.

Во рамки на одбележувањето на годишнината се одржа и панел дискусијата „Пред 20 години и сега”.

 

Поврзани содржини