📷 АМБЕР ХЕРД СЕ ВРАЌА НА ГЛУМАТА ДВЕ ГОДИНИ ПО ПОСЛЕДНИОТ ФИЛМ Актерката конечно излезе од илегала по бурниот развод со Џони Деп

Три години откако беше во центарот на едно од најекспонираните судења во Холивуд, Амбер Херд се враќа на глумата, но не на екранот, туку на сцената.

539

Три години откако беше во центарот на едно од најекспонираните судења во Холивуд, Амбер Херд се враќа на глумата, но не на екранот, туку на сцената. Актерката потврди на Инстаграм дека учествува во претставата „Духот на народот“ (Spirit of the People) од познатиот американски драматург Џереми О. Харис, кој е познат на публиката по своите признати и провокативни текстови.

Претставата ќе има премиера ова лето на театарскиот фестивал Вилијамстаун во Масачусетс.






Со заедничката фотографија со Харис, Амбер накратко порача: „Во мојата театарска ера“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Amber Heard (@amberheard)


Ова е нејзина прва актерска улога од 2023 година и филмовите „Аквамен и изгубеното кралство“ и „Во огнот“.

Според авторот, претставата „отвора непријатни прашања за земјата и нејзиното уништување“, а работењето на неа, вели тој, е надвор од неговата зона на удобност.

„Половина од претставата е на шпански, а јас не зборувам шпански. Има многу проза, а јас не сум прозаист. Ова е нешто сосема ново за мене“, рекол Џереми О. Харис за „Вариети“.

Заедно со Херд, во екипата се и Брендон Флин, Ато Бланксон-Вуд, Џејмс Кусати-Мојер и други млади актери од американската театарска сцена.

Интересно е што оваа објава дојде само еден месец откако Херд ги изненади обожавателите со веста дека станала мајка на близнаци – девојчето Агнес и момчето Оушн.

Таа ја сподели објавата на Денот на мајките, заедно со фотографија од детски стапала и емотивна порака: „Оваа година го славам комплетирањето на семејството што сакав да го создадам со години. Мојата ќерка Агнес и синот Оушн ми ги исполнуваат рацете и срцето“.

Да потсетиме дека Херд веќе има четиригодишна ќерка, Уна Пејџ.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Amber Heard (@amberheard)


Во 2022 година, Херд се пресели во Мадрид, каде што, како што самата рече, ужива во приватноста и животот подалеку од хаосот на Холивуд. Преселбата се случи кратко по завршувањето на судењето со Џони Деп, кое со месеци ги полнеше насловните на медиумите низ целиот свет и на социјалните мрежи.

Поврзани содржини