АМБЕР ХЕРД МУ ЗАДАДЕ НОВ УДАР НА ЏОНИ ДЕП Тврди дека страда од еректилна дисфункција, затоа бил насилен
Според адвокатот на Амбер Херд, еректилната дисфункција лесно може да доведе до состојба на лутина и агресија, а токму поради неа дошло до насилното однесување на Деп, а на крајот и до силување.
Амбер Херд (36) се уште не му дава мир на својот поранешен сопруг Џони Деп (59), а овој пат, како што тврдат нејзините адвокати, во незапечатените судски документи пишува дека актерот боледува од еректилна дисфункција, поради што и сексуално ја нападнал.
– Иако г-дин Деп би сакал да не ја открие својата состојба на еректилна дисфункција, таквата состојба е апсолутно релевантна за сексуалното насилство, вклучувајќи го гневот на г-дин Деп и употребата на шише со кое ја силувал Херд – се наведува во поднесокот од 28 март, како што објави „Дејли мејл“.
Според адвокатот на Амбер Херд, еректилната дисфункција лесно може да доведе до состојба на лутина и агресија, а токму поради неа дошло до насилното однесување на Деп, а на крајот и до силување.
– Го нареков лут секс кој Џони не можеше во потполност да го изведе. Неколкупати ме фрлаше на креветот. Некогаш бесно се нафрлаше на мене – рекла Амбер и додала дека нејзиниот поранешен сопруг многу време поминувал со пријателите со кои пиел.
Меѓу нив беа и нејзиниот татко Дејвид Херд и музичарот Мерлин Менсон.
Според актерката, по ваквите излегувања тој често доаѓал дома пијан и се однесувал како насилник.