АМБЕР ХЕРД ЌЕ МОРА ДА ПРОГЛАСИ БАНКРОТ ОТКАКО ГО ИЗГУБИ СПОРОТ? Каква е финансиската состојба на актерката

Финансиската состојба на актерката Амбер Херд не е сјајна. Прашање е дали Херд на Деп ќе може да му ја исплати цифрата од 10,35 милиони долари.

631

По шест недели конечно заврши судењето помеѓу Џони Деп и неговата поранешна сопруга Амбер Херд.

Судот во Вирџинија рече дека Деп не е виновен.






Првичната пресуда беше дека актерката мора да му плати на Деп дури 15 милиони долари, но поради ограничувањето на отштетата во Вирџинија, се покажа дека таа бројка е помала за 5 милиони.

Херд ќе добие 2 милиони долари на својата сметка за клевета, но сепак треба да му плати на поранешниот сопруг 10 милиони долари плус 350.000 долари, што е официјалната сума за казнена отштета во Вирџинија.

Што значи, Амбер Херд мора да му плати на Деп 10,35 милиони долари, а тој нејзе 2 милиони долари за клевета. Така Деп ќе добие 8 милиони долари и 350.000 долари.

Финансиската состојба на актерката Амбер Херд не е сјајна. Прашање е дали Херд на Деп ќе може да му ја исплати цифрата од 10,35 милиони долари.

Познато е дека заработила милиони во филмот „Аквамен“, поточно еден милион според првиот дел од филмот, а другите два милиона од новиот „Аквамен 2“ кој допрва треба да пристигне во киносалите.

За време на судењето имаше коментари дека Амбер ќе мора да прогласи банкрот во случај да го изгуби спорот со Деп.

Точната нето вредност на Амбер Херд е предмет на дебата. „Фокс Бизнис“ пренесува дека е 8 милиони долари, додека Celebrity Net Worth наведува дека нето вредноста на актерката се проценува на 2,5 милиони долари.

Ако Амбер поднесе барање за банкрот, тогаш нема да мора да му плати на Деп 10 милиони долари, туку ќе треба да плати 350.000 долари за штета на судот.

– Жал ми е што го изгубив овој случај. Но, уште потажна сум што го изгубив правото коешто мислев дека го имам како Американка – да зборувам слободно и отворено – рече таа.

– Разочарувањето што го чувствувам денес не може да се опише. Скршена сум што толку многу докази не беа доволни за да се спротивставам на големата моќ и влијание на мојот поранешен сопруг – изјави Херд.

Деп, пак, во своето соопштение рече дека конечно си го вратил својот живот назад и дека вистината излезе на виделина.

 

 

 

Поврзани содржини