Џамбаски со предизборно видео: Кога Заев е во Скопје заборава дека Македонија е бугарска, му текнува само кога ќе му треба нешто (ВИДЕО)
Во видеото кое е дел од предизборната кампања на ВМРО-БНД се вели дека Бугарија секогаш ја сакала Македонија, но дека не може Бугарија да биде изнудувана.
Европратеникот и потпретседател на бугарската ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски, по посетата на македонската владина делегација на Софија, објави ново провокативно видео со кое го повторува ставот дека Македонија е бугарска.
„Македонија е бугарска. Факт, којшто нема потреба да се докажува. Факт којшто Зоран Заев го заборава кога е во Скопје. И се потсетува само кога ќе побара нешто. Вистината не може да се заобиколи, а судбината на секој предавник е да биде отфрлен од историјата“, пишува Џамбаски на социјалните мрежи.
Во видеото кое е дел од предизборната кампања на ВМРО-БНД се вели дека Бугарија секогаш ја сакала Македонија, но дека не може Бугарија да биде изнудувана.
❗️#Македония е българска. Факт, който няма нужда от доказване. Факт, който Зоран Заев забравя, когато е в Скопие. И си спомня, само когато поиска нещо.
🇧🇬 Истината не може да се заобикаля, а съдбата на всеки предател е да бъде отхвърлен от историята!#БългарскитеПатриоти 🗳1️⃣6️⃣ pic.twitter.com/kiqmLLbMxn— Джамбазки (@djambazki) June 18, 2021