ЏАМБАСКИ ПОВТОРНО ПРОВОЦИРА И на пописот Бугарите во Македонија се репресирани
Наместо ултиматум кон Бугарија, Европската унија треба да ја задолжи Македонија да ги почитува човековите права - напиша Џамбаски на Твитер, при што го „тагна“ премиерот Зоран Заев.
Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски повторно ги толкува состојбите во Македонија низ ултранационалистички очила.Овојпат тврди дека на пописот во нашата земја Бугарите биле репресирани.
– Пребројувањето во Македонија започна со репресии кон оние кои одлучиле да се запишат како Бугари. Наместо ултиматум кон Бугарија, Европската унија треба да ја задолжи Македонија да ги почитува човековите права – напиша Џамбаски на Твитер, при што го „тагна“ премиерот Зоран Заев.
🚨Преброяването в Северна #Македония🇲🇰 започна с #репресии към решилите да се пишат като българи.
➡️Вместо ултиматуми към #България🇧🇬, #ЕС🇪🇺 да задължи #РСМ да спазва човешките #права! @Zoran_Zaev
ℹhttps://t.co/pWj02WzoP9 pic.twitter.com/yxzf7Bja4n— Джамбазки (@djambazki) September 7, 2021
Џамбаски е претставник на најреакционерното крило во бугарската политика, кое се чини, целата програма ја темели врз антимакедонизмот и докажувањето на бугарското потекло на современите Македонци.
Тој вчера исто така објави видео на Твитер во кое може да се види група на луѓе кои извикуваат – „Македонија е Бугарска, и во минатото и сега“, додека се движи кон гробот на Тодор Александров каде што била одржана богослужба во негова чест.
Благодаря на всеки, който бе част от поклонението на гроба на #ТодорАлександров.
За нас този #поход започна преди много години-бяхме още деца. Сега вече ние имаме деца и искаме те да живеят в силна, справедлива и национално могъща #България.#ВМРО е #кауза и #вяра! #ВМРО е битка! pic.twitter.com/rQeDokJn1o— Джамбазки (@djambazki) September 6, 2021