Џамбаски: Никој не може да негира, Охрид е бугарска престолнина
Интервјуто се водеше преку „Скајп“ а зад Џамбаски се гледа врамена стилизирана карта на Сан Стефанска Бугарија, која ги опфаќа цела Македонија, делови од јужна Србија и Косово и мал дел од Албанија.
Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски за бугарската редакција на Радио Слободна Европа изнесе контраверзни ставови за Македонија, како тоа дека Охрид е бугарска престолнина.
Џамбаски вели дека Бугарија не губи со тоа што ја блокира Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ, туку, напротив, тој смета дека добива.
– Ние не губиме, туку добиваме, оти го штитиме правото на македонски државјани да се самоопределуваат како Бугари. Тие се притискани и потиснувани. Ние треба да договориме минимален стандард за почитување на нивните права во Македонија. Такви луѓе има стотици илјади. Јас познавам голем дел од нив. Во моментот Република Северна Македонија драстично го нарушува нивното право на самоопределување. Неодамна, бугарските граѓани беа запрени и затоа што нивните автомобили имаат бугарски регистарски броеви и повеќе од 72 лица беа приведени во Струмица – рече Џамбаски.
Вели дека Охрид бил бугарска престолнина и дека тоа никој не може да го негира. Интервјуто се водеше преку „Скајп“ а зад Џамбаски се гледа врамена стилизирана карта на Сан Стефанска Бугарија, која ги опфаќа цела Македонија, делови од јужна Србија и Косово и мал дел од Албанија.
Тој вели и дека со тоа што гласале Македонија да влезе во НАТО, „ја затворивме можноста руските интереси да интервенираат“ во земјата.