ЏАМБАСКИ ГИ НАРЕЧЕ МИЦКОСКИ И ЛЕВИЦА ЈУГОНОСТАЛГИЧАРИ „Вашата омраза кон Бугарија е проблемот…“

Вашата омраза кон Бугарија е проблемот. Омраза на која се потпира таканаречениот ‘идентитет’. Кулата на лаги и измами се распаѓа затоа што вистината е на наша страна. А таа е дека Македонија е бугарска!, заклучува Џамбаски во својот пост на Фејсбук.

456

„Непочитуван Мицкоски и вие патетични југоносталгичари од Скопје, мора да разберете дека вие сте најлошото нешто што ѝ се случило на Македонија“.

Ова е дел од фејсбук-објавата на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, познат по своите навредливи коментари за македонскиот народ.






Тој вели дека „во долгорочниот план ДПМНЕ, Левица и нивните придружни антибугарски партии отсекогаш биле антиевропски. Европа не може да си дозволи да прифати или дури да преговара со земја која одбива да ги следи правилата“.

„Вашата омраза кон Бугарија е проблемот. Омраза на која се потпира таканаречениот ‘идентитет’. Кулата на лаги и измами се распаѓа затоа што вистината е на наша страна. А таа е дека Македонија е бугарска!“, го завршува Џамбаски својот пост.

„Животот и честа на Бугарите мора да бидат загарантирани! Вклучувањето на Бугарите во Уставот на Северна Македонија е исклучително важен чекор кон целосна заштита на нивните права“, смета Џамбаски.

Поврзани содржини