Џамбаски до Заев: Арогантно и дрско поставувате ултиматуми пред ЕУ, а масата за преговори е тажно празна

Заев, може да звучите цврсто пред Фон дер Лајен, говорејќи за поврзаноста на Вашиот ’идентитет‘ со факти и наука, но двајцата добро знаеме колку смешно звучи тоа. И колку е неточно.

2,253

Арогантност и дрскост. Вака бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски ги нарече ставовите на премиерот Зоран Заев дека идентитетските прашања не смее да бидат на масата за разговори кој што ѝ го пренел на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на денешната средба во Брисел.

Откако Заев објави на социјалните мрежи што разговарале со Фон дер Лајен, Џамбаски се јави со коментар во кој вели: „Не ја разбирам вашата арогантност и дрскост да поставувате ултиматуми пред Унијата којашто вашиот народ ја гледа како единствен влог за подобра иднина“.






„Додека вашите соседи од Албанија ги исполнуваат и почитуваат упатствата, Вие не запирате да ѝ кажувате на ЕУ што треба, а што не треба да ви постави како услов. А масата на преговори, на која кажувате што не треба да има, е тажно празна. Ѝ го кажавте ли тоа на г-ѓа Фон дер Лајен? Ѝ кажавте ли дека досега не сме преговарале ниту за една точка, толку месеци по нашето таканаречено ’вето‘?

Заев, може да звучите цврсто пред Фон дер Лајен, говорејќи за поврзаноста на Вашиот ’идентитет‘ со факти и наука, но двајцата добро знаеме колку смешно звучи тоа. И колку е неточно. Знаете ли драги, дека и во Бугарија го сметаме нашиот ’идентитет‘ за гордост. И токму затоа, ако некој посака да зборува зa него, ако некој го оспори, ќе се исправат со истата гордост и ќе го убедам во неговата неприкосновеност. Нешто, со кое Вие изгледа не можете да се справите“, напиша Џамбаски.

 

Поврзани содржини