📷 АМБАСАДОРСКА ПОСЕТА НА ТИТАН УСЈЕ Иновациите и одржливите практики во фокусот на 70-годишниот јубилеј

Амбасадорите имаа можност да се запознаат со клучните достигнувања на компанијата, меѓу кои и континуираните инвестиции во модернизација и намалување на CO₂ емисиите, преку употреба на алтернативни горива и користење на обновливи извори на енергија, со што емисиите на CO₂ се намалија за над 10 %.

97

По повод  јубилејот – 70 години од основањето на компанијата, ТИТАН Усје беше домаќин на висока дипломатска делегација составена од амбасадорот на Европската унија, Михалис Рохас, амбасадорката на Кралството Холандија, Озлем Чанел и амбасадорката на Грција, Софија Филипиоду.

Во рамките на посетата беа презентирани инвестициите во напредна технологија, дигитализација и иновациите во производство на цемент и нови еко производи. Беа презентирани и проектите за унапредување на заедницата кои компанијата ги реализира во континуитет.






Амбасадорите имаа можност да се запознаат со клучните достигнувања на компанијата, меѓу кои и континуираните инвестиции во модернизација и намалување на CO₂ емисиите, преку употреба на алтернативни горива и користење на обновливи извори на енергија, со што емисиите на CO₂ се намалија за над 10 %.

Беше презентиран и развојот на автономен систем за оптимизација на производството во реално време, преку кој значително се зголеми ефикасноста на производството, се намали потрошувачката на енергија и се подобри квалитетот на производите.

Дипломатите го посетија и „Иноваториум“ – едукативниот клуб наменет за јакнење на вештините на младите, нивна поголема едукација и имплементација на нови методи и техники во изучувањето на СТЕМ науките – математика, технологија, инженерство и техника – што компанијата го реализира во соработка со Технолошко-металуршкиот факултет од Скопје. За само неколку месеци, преку 200 ученици поминаа обука за 3Д печатење во „Иноваториумот“.

– За нас, 70 години постоење не значат само традиција, туку и обврска за иднината. Како дел од ТИТАН Групацијата, со гордост ги споделуваме нашите достигнувања во областа на декарбонизацијата, дигитализацијата и одговорната соработка со заедницата. Сакаме да продолжиме да бидеме двигатели на промени, градејќи мостови меѓу индустријата, иновациите и одржливоста. Благодарни сме што амбасадорите беа дел од овој значаен момент за нашата компанија – истакна главниот извршен директор на ТИТАН Усје, Константинос Николаоу.

Дел од посетата беше и обиколка на постројките за алтернативни горива и мониторинг центарот, каде амбасадорите добија увид во реалните процеси на иновативно и еколошки свесно производство.

Посетата претставува уште една потврда за отвореноста и транспарентноста на ТИТАН Усје, како и за заложбата на компанијата да биде доверлив партнер на меѓународната заедница, локалните институции и пошироката јавност.

Фото: УСЈЕ
Поврзани содржини