АМБАСАДОРОТ КОП ГО ПОТВРДИ ОНА ШТО ГО ЗБОРУВАМЕ СО ГОДИНИ Државата е девастирана, ќе ни требаат години да ја оправиме, вели Мицкоски

Ќе ни треба време за да ја вратиме во нормален колосек државата, а потоа и да ја развиваме онака како што сакавме да ја видиме оваа држава во раните 90-ти, кога стануваше независна - рече Мицкоски.

137

Амбасадорот на Холандија го потврди тоа што ние го зборуваме со години наназад – дека не владее правото, дека е партизирано и октроирано судството, дека се вршат притисоци врз судии, се избираат партиски судии и во судски совет, се бираат обвинители – рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на новинарско барање да ја коментира изјавата на холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп, кој рече дека со ваков степан на корупција Македонија „може само да сонува за влез во ЕУ“.

– Сега повторно имаме таков оглас каде набрзина се прават притисоци да се изберат нови судии и обвинители пред одење за да можат на тој начин овие криминалци во владата да бидат заштитени или барем така мислат, дека ако си постават свои судии и обвинители набрзина дека сето она кое идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го започне тие практично ќе го опструираат во процесот на истраги, судски предмети или пак пресуди во конечен случај – изјави Мицкоски.






Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ова е само потврда на она што се случува во изминатите повеќе од 6 години Влада на СДСМ и ДУИ.

– Ова е само потврда дека тоа што се случува изминативе нешто повеќе од 6 години Влада на СДСМ и ДУИ не само што ја врати години наназад Македонија туку ќе ни треба време за да ја вратиме во нормален колосек државата, а потоа и да ја развиваме онака како што сакавме да ја видиме оваа држава во раните 90-ти, кога стануваше независна – заклучи Мицкоски.

 

Поврзани содржини