Aмбасадорите по влез во државава во задолжителна самоизолација

308

Владата на денешната седница го прифати  Протоколот за влез на странски дипломати акредитирани во земјава и членови на нивните семејства. Според препораките од Главниот координтивен штаб, амбасадорите при влез во држвава  треба да бидат спроведени во задолжителна контролирана самоизолација.

Воедно од Одлуката за утврдување распоред на работното време во Владата, министерства и другите органи на државната управа, се изземени вработените во Министерството за внатрешни работи и Царинската управа, со цел работното време за вработените лица во овие институции да биде осум часа, а надоместот за извршена прекувремена работа да биде исплатен по изминати осум часа работа.

 

Поврзани содржини