АМБАСАДИTE ДА ЈА „ОПЕРИРААТ“ ИСТРАГАТА ЗА ЖАН МИТРЕВ Кардиохирургот бара меѓународен мониторинг  

Д-р Жан Митрев бара од странските амбасади активно следење на процесот на Оосновното јавно обвинителствио „поради несериозниот и површен пристап“.

483

Д-р Жан Митрев и Клиничката болница „Жан Митрев“ соопштија дека испратиле писма до амбасадите на САД, Франција, Германија, Велика Британија и на Холандија и до Делегацијата на ЕУ, со кои ги информираа за текот на истрагата во случајот против докторот и Клиниката. Со писмото се упатува повик за нивното внимание и поголем мониторинг на одвивање на целата истражна постапка и основаноста на обвинението, поради „досегашното површно иследување на постапката“.

“Ви се обраќам со намера да Ве информирам и запознам за случајот што верувам дека може да остави длабоки траги во општественото живеење, во перципирањето на здравствената професија и случај што претендира да воведе лоша пракса во правосудниот систем во државата. Ваквите примери можеби се ретки, но и како такви може да предизвикаат штета со далекусежни последици”, стои во писмото до амбасадите и европското претставништво.






Во писмото, д-р Митрев, осврнувајќи се на работата на клиниката, со акцент на периодот од Ковид пандемијата за кога се однесува обвинението и кога Клиничката болница Жан Митрев го има највисокиот процент на успех во третманот на пациенти со Ковид-19, со 74,6% излечени од сите случаи, додека пак смртноста е 25% наспроти 51,5% во другите болници, вели:

„И покрај овие резултати, и покрај пожртвуваната работа на целиот тим, денес Клиничката болница Жан Митрев и моето име и дело се предмет на истрага за која имаме основани сомневања дека се спроведува површно, без да се навлезе во суштината“, се вели во писмото и се предупредува дека „сведоштва за несериозноста и за нецелосно иследување  пристигнуваат од сите оние што се повикани како сведоци и кои можат најавтентично да посведочат како се боревме за животот и колку животи спасивме“.

 

Поврзани содржини