Амбасадата на САД дала техничка поддршка и заедно работела со МВР за заплената на дрогата на Плетвар

Во вчерашната акција полицијата пресретна камион со марихуана во вредност од 800.000 евра, што транзитирал низ земјава.

778

Американската амбасада во Скопје работеше заедно со Министерството за внатрешни работи и даде техничка поддршка за вчерашната акција во која полицијата пресретна камион со марихуана во вредност од 800.000 евра, што транзитирал низ земјава.

Ова денеска го објави порталот „Сакам да кажам“, кои имаат потврда од Американската амбасада во Скопје.






– Во овој случај, како и во случајот со пасошите, работевме заедно со МВР и дадовме техничка поддршка – велат од Амбасадата на САД.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера на својот фејсбук-профил објави дека македонската полиција извршила голема акција заедно со американската Агенција за борба против наркотици (ДЕА).

 

Поврзани содржини