Амбасада на САД: Русите играат со вистината, дури не користат вистински снимки!
Еве што всушност се случи“, напиша Амбасадата на САД повикувајќи се на соопштение на американското воено воздухопловство.
Русија си игра со вистината и не користи ни вистински снимки и фотографии, соопшти денеска американската амбасада во Скопје откако руската амбасада вчера на Твитер објави дека двата американски бомбардери што прелетаа над Скопје во знак на поддршка и добредојде за земјава во НАТО биле пресретнати од руски ловци сухои над Балтичко Море.
„Како и обично, си играат со вистината и се обидуваат да го одвлечат вниманието од историското достигнување на придружувањето на Северна Македонија во НАТО – дури и не користат вистински снимки или фотографии. Еве што всушност се случи“, напиша Амбасадата на САД на Твитер, повикувајќи се на соопштение на американското воено воздухопловство.