„Амазон“ ја снима најскапата серија во историјата на телевизијата, според хит-филмот! ВИДЕО

570

Првата голема серија на „Амазон“, според најавите, ќе биде најскапа во историјата на телевизијата, оставајќи ги зад себе сериите „Круна“ и „Игра на тронови“.

Американската ТВ-платформа „Амазон“ планира да потроши околу 465 милиони долари за снимање на првата сезона од серијата „Господар на прстените“, пишува „Холивуд репортер“.






Извори потврдиле дека станува збор за огромна сума, иако ги вклучува и трошоците за лансирање на серијата, која веројатно ќе има неколку сезони.

Претходните проценки спомнуваа околу 500 милиони долари за повеќесезонска продукција, но не се споменувал трошок од 250 милиони долари за авторските права на наследникот на писателот Џон Роналд Руел Толкин (Џ. Р. Р. Толкин).

Снимањето на серијата веќе започнало во Нов Зеланд.

– Ова е фантастично! Ова ќе биде најголемата ТВ-серија направена досега – изјавил Стјуарт Неш, министер за економски развој и туризам на Нов Зеланд, за локалните медиуми.

Се претпоставува дека дејството ќе се случува илјадници години пред настаните на „Господарот на прстените“ и „Хобит“ и дека ќе ги врати гледачите во времето кога се создавале големите сили, а кралствата се кревале и паѓале.

Актерската екипа ја сочинуваат Роберт Арамајо, Назанин Бониади, Морфид Кларк, Исмаел Круз Кордова, Ема Хорват и други.

 

ФОТО: Твитер

Поврзани содржини