АМАР СЕ ПРЕДОМИСЛИ, ПРИФАЌА ДЕБАТА СО ОРЦЕ Во вторник ќе се соочат на Канал 5

752

Кандидатот на Левица за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ денеска преку Фејсбук соопшти дека прифаќа дебата со противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

„Дебата во вторник на Канал 5, па да си дочекаме уште повеќе дебати. Јас и мојот противкандидат во овој круг означуваме потенцијална промена на политичките генерации во Македонија, релативно млад дуел за Скопје. Затоа, следниот вторник на дебата ќе може да се заклучи кој претставува нова визија, a кој ја влече деструктивната политика на минатото во иднината“, напиша Мециновиќ на Фејсбук.






Вчера, тој го повика Ѓорѓиевски на дуел под отворено небо на Школка во Градскиот парк.

– Подготвен сум на дебата, но го повикувам Ѓорѓиевски на јавен дуел, под отворено небо, пред Школка во парк, пред граѓаните и сите медиуми. Таму нека нè слушне народот и нека избере која опција му се допаѓа. Надвор од студијата во неконтролирани услови, на дебата на која ќе имаат право сите национални и територјални медиуми со различни уреднички редакции – рече Мециновиќ одговарајќи на новинарско прашање дали ќе ја прифати поканата на Канал 5.

Кандидатот на ВМРО-ДПНЕ Орце Ѓорѓиевски вчера соопшти дека ја прифатил поканата на Канал 5 да се соочи со Мециновиќ во термин после 18.30 часот во емисијата „На дуел со Иван“.

Поврзани содржини