АМАР ГИ ПОВИКА ГЛАСАЧИТЕ НА КАЈА ШУКОВА ДА ГЛАСААТ ЗА НЕГО Итна коалиција на Левица и СДСМ за вториот круг?!

Мециновиќ бара поддршка од гласачите на СДСМ и независните листи во вториот круг, уверувајќи дека започнува нова политичка ера надвор од доминацијата на двете најголеми партии.

537

Кандидатот на Левица за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ, изрази очекување дека во вториот изборен круг ќе добие поддршка од сите, како што рече, „здраворазумни граѓани“, кои сакаат промена на досегашниот политички систем.

Тој упати апел до оние што се воздржаа од гласање во првиот круг, истакнувајќи дека овојпат ситуацијата е различна од претходните изборни циклуси.






– Статус-квото е секогаш како избор на четири години, но овој пат не е така. Ги живееме првите денови каде што ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не се најголемите политички фактори. Тоа ќе охрабри голем број на граѓани кои беа на работ да излезат во првиот круг и да го дадат својот глас за нова опција – изјави Мециновиќ.

Тој додаде дека е подготвен за соработка со независните листи кои освоија советнички места во Советот на Град Скопје.

– Морам да ги поздравам и независните листи кои влегоа во Советот на Град Скопје. Спремен сум да соработувам со тие советници. Ги повикувам на поддршка независните листи – нагласи кандидатот на Левица.

Осврнувајќи се на гласачите на СДСМ, Мециновиќ порача дека многу од нив ја делат визијата што тој ја застапува и треба да ја препознаат како алтернатива на двете големи партии.

– Нивната партија, иако нема што да се грижам за нивната партија, едноставно гледаме дека се наоѓа во вид на политичка криза. Сметам дека таму има многу луѓе кои ја делат визијата која јас ја претставувам. Ги повикувам луѓето кои ја поддржаа госпоѓата Каја Шукова во првиот круг, да ме поддржат мене во вториот круг – изјави Мециновиќ на прес-конференција.

Поврзани содржини