Амал и Џорџ беа гости на венчавката на принцот Хари и Меган, а воопшто не ги познавале!

1,410

Кралската венчавка на принцот Хари и Меган Маркл се одржа на 19 мај 2018 година во капелата Џорџ во Виндзор, а по тој повод еден од најатрактивните парови меѓу гостите беа холивудската ѕвезда Џорџ (59) и неговата сопруга, адвокатката Амал Клуни (42), кои сега открија како се запознале со младенците.

Имено, убавата Амал во таа прилика блескаше во жолт фустан со соодветен шешир, додека Клуни носеше сив костум, а и двајцата делуваа многу среќни поради венчавката на деценијата.






Кога Меган и Хари ја поканија оваа двојка на венчавката, тоа ги наполни насловните на сите медиуми низ целиот свет, а сега е откриено дека тие четворица воопшто не се познаваат.

Пред церемонијата, поранешната цимерка на трагично загинатата принцеза Дајана ги прашала од каде ги познаваат Хари и Меган, а тие одговориле: „Ние воопшто не ги познаваме“.

Меѓутоа, сега се верува дека Хари и Меган се одлични пријатели со Џорџ и Амал и дека наводно ги посетиле во нивната вила на езерото Комо само неколку месеци по венчавката.

– Меган и Амал поминаа многу време релаксирајќи се покрај базен и играјќи си со близнаците, додека Џорџ и Хари ја разгледуваа колекцијата на мотори на Џорџ – изјави близок извор до нив.

ФОТО: Guliver/Ian West – WPA Pool/Getty

 

Поврзани содржини