Македонец е уапсен во Драч со 300 килограми кокаин

584

Околу 300 килограми кокаин сокриен во кутии со логоата на Чикаго булс, Пари Сен Жермен и „Диор“ запленети се во Драч при контрола на македонски камион кој превезувал железо, соопшти албанската полиција, пренесе срспката РТС.

Информацијата е објавена и на официјалниот фејсбук профил на албанската полиција.






Според РТС, кокаинот бил сокриен во шасијата на камионот, а уапсен е возачот кој е македонски државјанин.

Поврзани содржини