📽️ АЛЖИР ВО ЕКСТАЗА Гол во 119. минута го однесе „пустинскиот волк“ во четвртфинале
Со овој триумф „пустинските лисици“ ја продолжија својата африканска одисеја и на 10 јануари во Маракеш ќе се соочат со Нигерија во четвртфиналето.
Фудбалската репрезентација на Алжир со спектакуларен гол во самиот финиш од продолженијата избори пласман меѓу најдобрите осум на Африканскиот куп на нации. Херојот на ноќта беше Адил Булбина – резервистот што Владимир Петковиќ го внесе само шест минути пред да ја затресе мрежата на ДР Конго.
Алжир имаше контрола врз натпреварот и создаде неколку изгледни шанси, но голот дојде дури во 119-тата минута. Фарес Шаиби претходно промаши со глава, а капитенот Ријад Марез шутираше над голот од слободен удар.
Со овој триумф „пустинските лисици“ ја продолжија својата африканска одисеја и на 10 јануари во Маракеш ќе се соочат со Нигерија во четвртфиналето.
Adil Boulbina…
The hero of Algeria🇩🇿.
pic.twitter.com/g5vPfYbBUu— The International Break (@InternatBreak) January 6, 2026