АЛТЕРНАТИВА ОСТАНА СО ДВАЈЦА ПРАТЕНИЦИ Хисни Исмаили формира фракција
Алтернатива во Собранието остана со двајца пратеници и тоа претседателот Гаши и пратеничката Сафије Садики Шаини, откако претходно партијата ја напушти и пратеникот Скендер Реџепи.
Пратеникот на Алтернатива Хисни Исмаили е избран за координатор на Координативниот совет на фракцијата, на кој состанок присуствувале претставници на 13 ограноци на партијата.
На состанокот синоќа во Тетово било кажано дека по неколкумесечни консултации меѓу овие ограноци е донесена одлуката да се одделат од Алтернатива.
Советот едногласно го избра Муаз Емин за заменик координатор, додека за портпарол е назначен Меритон Цивули од Чаир.
Алтернатива во Собранието остана со двајца пратеници и тоа претседателот Гаши и пратеничката Сафије Садики Шаини, откако претходно партијата ја напушти и пратеникот Скендер Реџепи.