Партијата Алтернатива вечерва не донесе конечна одлука дали ќе влезе во состав на владата на ДУИ и на СДСМ.
Централното претседателство го овластило лидерот Африм Гаши да преговара со актуелниот премиер Зоран Заев или со новиот мандатар. Дури по завршувањето на преговорите, одлука за влез во владејачката коалиција ќе донесе Централниот одбор.
Претставник на партијата вечерва одби да каже кои ресори ги бара Гаши во владата на Заев и на Ахмети, но рече дека актуелните партнери треба да се откажат од некои свои позиции, ако сакаат да ја видат Алтернатива во Владата.
– Ние сме повеќе заинтересирани за начините за излез од кризата. Сакаме да го видиме концептот на Владата за тоа, бидејќи нашата земја се наоѓа во длабока политичка, економска, енергетска и здравствена криза – изјави претставникот на Алтернатива, нагласувајќи дека Централното собрание на партијата ќе се свика кога ќе има резултат од преговорите.