АЛТЕРНАТИВА НЕ ДАВА ГЛАС ЗА ВЛАСТА Поддржува кандидати на 6 општини, во другите секој да глас како сака
Повикот на Алтернатива е секој гласач да одлучи со својата совест и во согласност со своите локални интереси за кандидатот за кого ќе гласа, соопшти партијата.
Во вториот круг од локалните избори кој ќе се одржи на 31 октомври, Алтернaтивa ќе ги поддржи кандидатите на коалицијата Алтернатива и Алијанса за Албанците во општините Струга, Дебар, Врапчиште, Боговиње, Теарце и Чаир и повика на мобилизација на сите сили за, како што велат, донесување на очекуваните промени и во овие општини.
Оваа одлука е донесена синоќа на состанокот на Централното претседателство на Алтернатива на која се дискутирало и за нивниот став за општините во кои коалицијата ААА&АА нема свои кандидати.
„Имајќи предвид дека тие се кандидати на партиите од власта, додека Алтернатива е опозициска партија, Централното претседателство одлучи Алтернатива да остане конзистентна во претставување на опозицискиот глас, па затоа нема да упати повик за поддржување на некој одреден кандидат во тие општини. Повикот на Алтернатива е секој гласач да одлучи со својата совест и во согласност со своите локални интереси за кандидатот за кого ќе гласа, додека гласачот на Алтернатива секогаш ги има предвид и програмските определби на партијата“, соопшти партијата.