Алтернатива до Заев: Што се испазаривте со ВМРО- ДПМНЕ за легализација на дивоградбите?

309

Владата сака да прошверцува амнестија за сите тие кои имаат градено спротивно на законот и за кои органите на правдата повеле прекршочни постапки. За една земја која има аспирација да се зачлени во ЕУ е просто невозможно двата лидери на македонските партии, преку политички консензус, да влијаат во органите на правдата и да спречуваат прекршителите на законот да ја добијат заслужената казна, сево ова заради нивни политички пазарења, обвини Нурџан Асановска од Алтернатива.

Според неа, предлог законот не важи подеднакво за сите региони во Македонија, тој ги дискриминира граѓаните, фаворизирајќи ги тие кои граделе илегално и дискриминирајќи ги тие кои граделе согласно законот. На тој начин се стимулира нелегалното градење и непочитувањето на законот во иднина. 






– Го прашуваме јавно премиерот Заев, кој е политичкиот пазар со ВМРО за да помине еден таков скандалозен закон? Како смета тој и неговата дружина да создаваат владеење на правото и правната држава кога со политички консензус ја прегазуваат правдата и директно се мешаат во судската власт?!Поаѓајќи од тоа, Алтернатива смета дека овој чекор е штетен за државата и констатира дека оваа земја, полека но сигурно, се повеќе се оддалечува од Европа, истовремено протерувајќи се поголем број граѓани на запад – вели Асановска.

Поврзани содржини