Шест пациенти со ковид-19 починаа во последниве 24 часа, дознава Алсат.
Според телевизијата, четворица од нив починале на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, а двајца во „8 Септември“ во Скопје.
Со ова вкупниот број на починати лица од ковид-19 изнесува 44.
Како што дознава Алсат, во последниве 24 часа регистрирани се 54 новозаболени пациенти од вирусот ковид-19. Со тоа, вкупниот број на заболени од коронавирусот во земјава достигна 908 пациенти.