АЛПСКАТА ЗЕМЈА ГИ ЗАОСТРУВА МЕРКИТЕ Од денеска нови правила за влез во Швајцарија

Сè уште постои обврска за сите патници кои влегуваат во Швајцарија да го пополнат формуларот на страницата https://swissplf.admin.ch/formular.

974

Од денеска во Швајцарија важат нови ковид правила за влез во оваа земја.

Сите патувања во Швајцарија подлежат на правилото 3G (потврда за вакцинација, потврда за прележан вирус или негативен ковид тест), со услов патниците кои имале коронавирус или биле вакцинирани да не прават тест.






Останатите патници мора да направат PCR тест, не постар од 72 часа, или брз антиген тест, не постар од 24 часа.

Покрај вакцинираните и оние кои го прележале вирусот, ослободени се и децата помлади од 16 години и итни медицински случаи.

Сè уште постои обврска за сите патници кои влегуваат во Швајцарија да го пополнат формуларот на страницата https://swissplf.admin.ch/formular.

Лицата кои се ослободени од тестирање и пополнување на формуларот се професионалните возачи на автобуси и камиони.

Поврзани содржини