ЈАЛОВИ ПОБЕДИ НА АСТОН ВИЛА И НА ДОРТМУНД Барселона и ПСЖ се пласираа во полуфиналето на ЛШ
Во полуфиналето ПСЖ ќе игра со подобриот од двомечот Арсенал – Реал Мадрид (0:3), додека Барселона го чека подобриот од дуелот Интер – Баерн Минхен (2:1).
Фудбалерите на Астон Вила славеа во исклучително интересен натпревар против ПСЖ во реваншот од четврт-финалето. Тие триумфираа со 3:2, но не успеаја да се пласираат бидејќи вкупниот резултат беше 5:4 за момците од Париз.
Гостите на полувремето водеа со 2:1 со головите на Мендеш и Хакими, по што следеа два брзи гола на Вила. Мегин погоди во 55 минута, а Конса две минути подоцна.
И Борусија Дортмунд победи во реваншот. Тие на „Вестфален“ ја совладаа Барселона со 3:1, но исто како и Астон Вила не се пласираа во полуфиналето бидејќи Барса победи со вкупни 5:3.
Хет трик со голови постигна Жираси во 11 минута, потоа во 49 и на крајот во 76. минута. Голот за Барселона го постигна првотимецот на Борусија, поточно автогол на Бенсебаини во 54 минута.
Во полуфиналето ПСЖ ќе игра со подобриот од двомечот Арсенал – Реал Мадрид (0:3), додека Барселона го чека подобриот од дуелот Интер – Баерн Минхен (2:1).