Ало мајсторе, не провоцирај со глупи изјави!
Ние немаме поента за постоење како држава, освен избрани да се богатат од криминал, субвенции и од тендери, а народ да животари.
Ковачевски: „Ние сме најдобрата држава во регионот“.
Од многу шетање по фабрики и дишење штетни гасови, му се поматил умот.
Каква грозоморна глупост зборува!
Па што мисли, ова е 19 век, или Енвер Хоџа време и ние живееме во изолација, па неговите розеви очила ќе ни го фарбаат погледот.
Ало мајсторе, имаме најлоша економска слика и перформанс во регионот, највисока инфлација, најслаб раст, најголемо задолжување.
Имаме криминал и корупција од епски пропорции, тотално партизирано општество, судство или институции.
Имаме највисока загаденост и уништеност на шуми, реки и животна средина.
Градот ни е симбол за криминален урбанизам и дехуманизација и тоа после СК 2014, кој вие го доградивте.
Имаме блокирана политичка ситуација и уставна криза, имаме надворешен непријател, имаме внатрешен етничко-политички непријател кој државата ја третира како крава музара.
Имаме власт која ги продолжи најтемните и најкриминални пракси на режимот.
Не остана независна и моќна граѓанска организација или медиум, имаме затворено, клаустрофобично, депресивно и отуѓено општество кое секој поединец го малтретира и го тероризира.
Имаме преку пола милион луѓе кои се сиромашни и живеат со 200 денари дневно, додека тоа за вас кои си покачивте плати и избришавте криминали е порција јунешко соте. Немаме учебници со години, алооо.
Третина држава не плаќа струја. Источна Македонија е регион на духови, Западна се празни ко луда, немаме веќе градови и села, уништивме земјоделство и производство на храна, сè живо и диво увезуваме.
Ние немаме поента за постоење како држава, освен избрани да се богатат од криминал, субвенции и од тендери, а народ да животари.
Можеме вака до утре, и не провоцирај више со вакви глупи изјави од твоите кретенски советници, национални координатори и медиумски морони, кои заседаваат по градски кафеани, наместо нешто реално да сработат.
(Фејсбук статус на авторот)